Баба Ванѓа предвидува враќање на комунизмот

Пророштвата на баба Ванѓа во голем дел се оствариле уште додека била жива. Таа пред скоро 40 години, во 1979
година рекла дека „сè ќе се стопи, како што се топи мразот, но само едно нешто ќе остане недопрено – славата на Владимир, славата на Русија. Тој сè трга од својот пат и не само што ќе се сочува, туку и ќе стане господар на светот“. Таа додала и дека Русија повторно ќе стане империја.

Ванѓа тоа го претскажала во времето на СССР, кога зборот Русија ретко кој го кажувал наглас. Толкувачите на нејзините претскажувања велат дека тоа може да ес средновековниот кнез на Русија Владимир Долгоруков, Владимир Илич Ленин или Владимир Путин. Путин, според нивните пресметки е осмиот Владимир во руската историја.

Ванѓа, пред својата смрт, рекла: „На Земјата одамна живеат дојденци од други светови. А од каде доаѓаат тие? Од планетата која ја нарекуваат Вамфим“. Рекла дека тоа е трета планета од Земјата, но не прецизирала од каде ни од кој правец.

Според неа, еве што нè очекува во иднина:

2018 – Нова сила, светска држава, ќе стане Кина. Земјите во развој се претвораат од експлоатирани во експлоататори.
2023 – Се менува орбитата на Земјата
2025 – Европа е слабо населена
2028 – Ќе се најде нов извор на енергија. Поаѓање на летало со човечка посада кон Венера
2033 – Мразот на земјените полови се топи. Со Европа владеат муслиманите
2046 – „Се одгледуваат“ сите органи на човечко тело, а замена на заболените станува најдобра метода на лекување
2066 – За време на нападот на муслиманскиот Рим, САД за првпат ќе примени ново климатско оружје – нагло заладување
2076 – Со Земјата владее ново бескласно општество – комунизам

Scroll to Top