Биткоинот за 10 години ќе чини 100 долари

Според Кенет Рогоф, професор на Универзитетот „Харвард“, шансите на цената на биткоинот да падне на само 100 долари е огромна. Според него, падот ќе почне уште сега и ќе продолжи во следните десет години.

„Во суштина, ако се одземе можност оваа валута да се користи за перење пари и даночно затајување, нејзината вистинска употреба како средство за плаќање е многу мала“, рекол поранешниот главен економист на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Поради тој факт, овој професор предвидел нагло намалување на вредноста на криптовалутите.

Scroll to Top