Денеска е кинеска Нова година, почнува година на кучето

Граѓаните на Кина и на Тајван денеска го прославија почетокот на лунарната Нова година. На многу места во овие земји беа организирани посебни прослави. Луѓето го одбележаа почетокот на годината на кучето и се молеа за добросостојба следната година.

Во Тајпеи, Тајван, жителите се молеа за здравје, мир и благосостојба. Тие годината на кучето ја пречекаа во храмот Лонгшан. Почетокот на годината се смета за најважен, а молитвата за боговите е традиција што малкумина Кинези би ја пропуштиле.

Scroll to Top