Денес земјата ќе ја погоди соларна бура G-1

Земјиното магнетно поле в петок ќе биде погодено од соларна бура, феномен кој може да влијае на електромрежата, сателитите, авионските линии и кој може да предизвикува застој на целата планета

Геомагнетното поле привремено ќе ѝ попречи на земјината магнетосфера, а ќе биде предизвикано од сончевата активност. Ударниот бран и облак на магнетното поле на сончевиот ветер заедно со сончевите факели и короналниот исфрлувач на масата ќе го нападнат магнетното поле на нашата планета три дена по активноста на нашата ѕвезда, Сонцето.

Бурите обично траат ден до два, но можат да потраат и подолго.

Соларната бура, која в петок, 19 февруари, ќе ја погоди Земјата, Американскиот центар за предвидување на временските услови во вселената и Агенцијата за проучување на океаните и атмосферата (NOAA) ја квалификувале како G-1, што значи дека таа бура ќе биде со најслаба јачина.

Но, сепак, соопштија дека таа сеедно би можела да предизвика „слаби осцилации на мрежните станици и да има помало влијание на сателитските операции, како и на животните кои мигрираат“.

Бурата од категорија G-5 би влијаела и на електричната енергија и безбедносните системи ширум светот. Би можело да дојде до целосно нарушување на системите на компјутерските мрежи и да има големи оштетувања на електричните трансформатори, што би предизвикало недостиг на струја. Бурата со јачина G-5 може да им наштети и на радиобрановите и така да создаде повторен хаос во општеството. Можно е да не работат мобилните телефони, ЏПС и интернетот.

Карингтоновата бура е најголема забележана геомагнетна бура во историјата. Се случила во септември 1859 година.  Предизвикала проблеми со телеграфските линии, а дури и запалила некои телеграфски канцеларии и го онеспособила „викторијанскиот интернет“.

Од поново време познат е случајот од 1989 година, кога за време на една таква бура четири сателити биле во дефект цела недела.

Влијанието на геомагнетните бури на луѓето штотуку почна да се проучува, но е познато дека гулабите писмоносци за време на таквите бури имаат проблем со навигацијата.

 

 

Scroll to Top