Десет пливачи за влакно ќе се удавева! – Закачи фотка од вознемирувачка сцена на позната плажа и ја сподели на интернет

За жал со оваа слика можеа да се прочитаат многу сексистички коментари.
Неодамна на социјалните мрежи, почна расправа за тоа, дали спасувачките се премногу секси и дали премногу покажуваат на плажа. Повод за тоа беше фотката на Твитер, која била направена во Шпанија во градот Хихон.Еден корисник објави фотка од жена спасител, облечена во маичка за капење со коментар: „Вознемирувачка сцена во Хихон: Десет пливачи речиси ќе се удавеа едно утро, некои дури два или три пати“.

Поради овој настан, од спасувачките било побарано да носат шорцеви наместо бикини додека се на работа, за да се избегнат нови расправии.

Но, приказата доби нов замав, па тука се најдоа и оние кои истакнаа дека на достоинствените жени, воопшто не смее да се влијае на нивното облекување.

Некои жени спасувачи се покорија на новото правило, но имаше и такви кои се оглушија на истото, па на социјалните мрежи поставија слика која ги „инкриминира“.

Scroll to Top