Дневен хороскоп за 14 февруари

Овен
Не сте расположени на никој да му полагате сметки. Не влегувајте во нови партнерски однос. Ве привлекуваат комуникативни, доста помлади лица од вас или некој кој има нагласена смисла за хумор. Можни се проблеми со видот.

Бик
Чувајте ја енергијата за подоцна. Потребно е поинаку да се поставите кон некои проблеми кои ве исцрпуваат. Можете да очекувате ненадеен повик од лице со кое некогаш сте биле во тајна врска. Имате чувствителна здравствена состојба.

Близнаци
Сакате по секоја цена да биде онака како што ќе кажете вие. Би требало поинаку да се поставите кон лицето кое ви е драго, па покажете повеќе разбирање. Подарете му повеќе внимание. Би можеле да посетите кардиолог.

Рак
Имате добри деловни идеи. Тешко е да ве убедат да направите нешто што не сакате, не сте подготвени да влезете во некаква сомнителна трансакција. Ќе добиете повик за интересен состанок од едно харизматично лице. Проверете дали ви е покачен холестеролот.

Лав
Ќе успеете да се снајдете во новите работи кои ќе ви бидат доделени. Атмосферата во домот е прилично напната. Или вие сте многу уморни, што се гледа по вашата нервоза и честото нерасположение. Посветете ѝ повеќе внимание на здравствената ситуација.

Девица
Неодлучноста во овој момент нема да ви помогне. Доста сте ладни во анализирањето на емотивните проблеми. Би било добро својата енергија да ја насочите кон лица кои ве иритираат. Проверете ја крвната слика.

Вага 
Се обидувате да го промените работното место и барате начин како да го направите тоа. Многу сте амбициозни и подготвени да одите преку своите сили. Немојте да ги затегате односите со партнерот. На партнерот му е потребно само вашето внимание. Чувајте се од повреди.

Скорпија
Многу сте задоволни со она што досега сте го направиле. Ќе добиете совети кои сметате дека ви се потребни. Во љубовта можете добро да се снајдете со некој огнен знак. Врската со Јарец може да биде многу комплицирана за вас. Можни се проблеми со аритмија.

Стрелец
Понудата за хонорарна работа ќе ве привлече. Тоа во голема мера може да ја поправи вашата финансиска ситуација. Обидете се да оставите добар впечаток. Ако сте романтичен тип, веројатно сте заљубени во еден Бик. Спијте повеќе.

Јарец
Прифатете ги различните работи. Партнерските односи се посебен предизвик за вас, а ако работите за лице кое претставува авторитативна фигура, можете да очекувате успех. Во љубовта сте посесивни и прилично недоверливи. Можни се метеоропатски пречки.

Водолија
Амбициите ви се преголеми и по секоја цена сакате да напредувате во работата. Се обидувате да бидете малку посесивни и љубоморни, особено ако сте заљубени во лицето родено во воден знак. Стабилна и добра здравствена ситуација.

Риби
Ќе бидете задоволни како се одвиваат работите на работното место. Ќе ви се укаже прилика некој многу голем и важен проблем да го решите преку суд. Ве очекува некој пресврт во животот, планирање брак, деца или селење. Ви се препорачува да направите систематски преглед.

Scroll to Top