Доктори од Тајван ќе пресадат глава врз жив човек

Научникот Серџо Канаверо од Тајван деновиве ќе ја изврши првата трансплантација на глава врз жив човек.

Тој тврдел дека претходно успешно извел ваков тип операција над мајмуни и стаорци, а дека неговите научни трудови детално ја опишуваат постапката на операцијата што претходно ја има направено и врз труп.

Првата трансплантација на човечка глава во светот ја извел тим од научници, кои постапката ја вршеле 18 часа и на крајот успешно биле поврзани карлицата со нервите и крвните жили на разни делови од телото на двајца луѓе.

Слична операцијата е спроведена од страна на тим на чие чело бил доктор Реном од Медицинскиот факултет на Универзитетот „Харбин“ во Кина, кој минатата година успешно  пресадил глава врз телото на еден мајмун.

Професорот од Тајван, Серџо Канаверо, директор на групата Turin Advanced Neuromodulation Group, кој работел со својот тим, изјави дека во блиска иднина ваквата постапка ќе се изведува врз жив човек кој би бил парализиран од вратот надолу.

Тој изјавил дека електричната стимулација на нервите покажала дека операцијата на пресадување глава врз тело била успешна и дека деловите од телото на двете лица биле целосно споени.

„Првата фаза од трансплантацијата на човечка глава врз труп е направена. Следната фаза е целосна замена на мозокот на мртвиот донатор и живиот пациент“, изјавил Канаверо на конференцијата за новинари во Виена, пишува британски „Телеграф“.

„Тоа впрочем е и последниот чекор во формалната трансплантација на глава врз жив човек. Процес што беше само прашање на време кога ќе се случи“, изјави Канаверо, кој својата популарност ја стекна во 2015 година поради своите франкештајнски планови, односно намерата да го постигне ваквиот подвиг во рок од две години.

Иако рускиот научник Валериј Спиридонов, кој страда од болест на откажување на мускулите, доброволно се пријавил да биде првиот пациент за трансплантација на глава, тимот изјавил дека првиот примател веројатно ќе биде кинески затоа што поголема е шансата за добивање кинески донори.

 

Scroll to Top