Другарката која ѝ даде бубрег на Селена Гомез е во депресија

Во 2015 година, Селена Гомез откри дека боледува од лупус – автоимуна болест во која човечкиот имунолошки систем не ги препознава своите клетки и ги оштетува.

Тогаш пејачката поништи планирани настапи и призна дека лупусот така ѝ ги оштетил бубрезите што има потреба од трансплантација, пишува OK Magazine.

Донаторот стана нејзина блиска пријателка, Франческа Реиза. За среќа, операцијата помина успешно, а ѕвездата брзо се опорави по неа.

Друга е ситуацијата со Франческа. Таа доживеала физички и психолошки непријатности. Според нејзините зборови, исто така, се појавила и депресија.

Претходно, девојката ѝ кажала дека немала апетит по операцијата и не сакала да пие течности.

Гомез ја изрази својата благодарност до својата другарка. По операцијата, таа раскажа на Instagram за гестот на Франческа и се заблагодари за “неверојатниот подарок”. Ја нарече сестра и напиша дека многу ја сака.

Таа успеа и да се врати на својата стара љубов, Џастин Бибер. Тие беа дури и на свадбата на таткото на Бибер. Но, за момент тие одлучија да го паузираат нивниот однос еден со друг.

Scroll to Top