Државата ви обезбедува пари иако сте невработени

Лицата со повеќе деца ќе добијат четири проценти повеќе бонуси во однос на другите невработени.

Невработените лица на Исланд оваа година ќе добијат „божиќни бонуси“, како и сите други вработени граѓани, а невработеноста во оваа земја е на најниско ниво досега.

Министерството за социјална работа соопшти дека невработените, кои се регистрирани на бирото за вработување, ќе добијат божиќни бонуси во износ од 65,162 круни, односно 530 евра.

Лицата со повеќе деца ќе добијат четири проценти поголеми бонуси во однос на другите невработени.

Од Министерството наведоа дека меѓу 3900 и 4200 лица имаат право на божиќен бонус. Право на бонус имаат лицата кои се водат како невработени десет или повеќе месеци во текот на 2017 година и кои активно барале работа во месеците ноември и декември. Бонусите за невработените лица ќе бидат исплатени до 18 декември.

Според официјалните податоци, стапката на невработеност на Исланд во септември изнесувала 1,8%, што е една од најниските стапки на невработеност во историјата на земјата. Стапката на невработеност во Исланд од 2010 година, кога изнесувала рекордни 9 проценти, бележи континуиран пад.

Scroll to Top