Дутерте: Да, диктатор сум, само така оваа земја ќе напредува

„ Да, навистина сум диктатор. Тоа е точно. Ако не се однесувам како диктатор, што сега е мој стил, ништо нема да се случи во оваа земја“, наведе Дутерте.

„Морам. Освен тоа, вие ме избравте за ваш претседател. Зошто тогаш не сакате да ме следите ако моите сништа се наменети за сите вас?“ додаде тој.

Дутерте е претседател на Филипините од 2016 година и од тогаш речиси секојдневно во јавноста излегува со остри изјави, а едно од обележјата на неговиот мандат е борбата со дилерите на дроги и зависниците.

Повеќепати ги повика припадниците на полицијата да ги убиваат „дилерите и наркоманите“ кога ќе ги видат.

Сепак, Дутерте и претходно изјави дека нема намера „навистина да стане диктатор“ и побара од народот да го собори секој диктатор, па дури им нареди на војската и полицијата да го убијат ако својот мандат го пречекори за само еден ден.

Неговиот мандат трае до 2022 година.

Scroll to Top