Фејсбук ги моли корисниците да ги шеруваат своите голи фотографии на интернет во борбата против одмаздничко порно

Во Австралија се покренува пилот проект кој ќе ги претвори сите ваши слики во дигитални отпечатоци, и на тој начин ќе спречи други корисници да ги објават вашите слики.

Фејсбук се здружи со четири земји во тестирањето на превентивниот систем за откривање и одбрана од „одмаздничко порно“.

Од компанијата која го креираше уредот „eSafety“ минатата недела го најавија партнерството со еден голем број на социјални медиуми, и го претставија пилот проектот кој ќе овозможи нивните киленти ги пријават „чувствителните слики“, кои се поделени на социјаните мрежи без нивна дозвола.

Уредот под името еSafety, кој е направен да делува, во прв план имаше за цел да го спречи онлајн злоставувањето на малолетниците и ги замоли граѓаните на Австралија кои се плашат нивните интимни слики да се појави на интернет.

Тие тогаш ќе го известат Фејсбук, кој користи технологија која што ќе одговара за сликите, со цел да спречи понатамошно прешерување на Фејсбук, Месенџер, Фејсбук групите или Инстаграм.

Водителот на Фејсбук за глобална безбедност, Антигона Давис изјави дека таков прв пилот проект ќе го користи „последниот збор на технологија за да го спречи повторното делењето на сликите на нивните платформи“.

 

Австралискиот комесар од Канцеларијата на „eSafety“, Жили Инман Грант изјави дека „одмаздничкото порно“ или „злоставувањето со помош на сликите“ може да биде неверојатно поразително искуство за жртвите.

Жртвите од порно одмаздата често даваат првична согласност за споделување на сликите со уште една личност, за да подоцна дознаат дека сликите паднале во рацете на погрешни луѓе. Сексуално експлицитните фотографии, тогаш може да се користат за уцени.

Неодамнешната студија утврди дека еден од пет Австралијанци, бил жртва на „одмаздничко порно“. Меѓу жртвите имало и мажи и жени.

 

Scroll to Top