Фирма ги награди непушачите со шестдневен одмор

По стапувањето во сила на програмата на 1 септември, четворица од 42 пушачи од 120 вработени во една јапонска фирма ги оставиле цигарите.Компанијата ги наградила непушачите од својот персонал со шест дена годишен одмор и на тој начин им ја надоместила паузата што нивните колеги пушачи редовно ја користат.

Маркетиншката компанија „Пијала“ со седиште во Токио ја иницира оваа програма во септември кога еден од вработените се пожали дека неговите колеги често исчезнуваат од работното место за да испушат цигара.

„Нашата канцеларија се наоѓа на 29. кат поради што на пушачите им е потребно најмалку 10 минути да стигнат во заедничката просторија за пушачи во приземјето и да се вратат на работа“, изјави портпаролката на компанијата, Хиротака Мацушима.

Од друга страна, тој напомена дека во просторијата за пушачи главно се разговора за работа, што овозможува можност за размена на идеи и меѓусебна консултација.

„Затоа, заклучивме дека подобро е да ги наградиме непушачите отколку да ги казниме пушачите“, објасни Мацушима.

„Ако успешно се одржи ветувањето во текот на целата година, ќе ги добијат и оние дополнителни шест дена платено отстуство“, најави портпаролот на јапонската компанија.

Јапонија заостанува зад другите развиени земји кога станува збор за политичкото укинување на пушењето, а социјалниот притисок за оставање на цигарите има помало влијание, напоменува француската агенција, додавајќи дека, за разлика од многу западни земји, во Јапонија пушењето е дозволено во одделни делови во рестораните.

Според податоците на јапонското Министерство за здравје, во таа земја пушат околу 28 проценти од мажите и 9 отсто од жените.

Scroll to Top