Фотографија направена од воздух, каде што носачот на авиони изгледа како детска играчка

„УСС Двајт Д. Ајзенхауер“ е носач на авиони од класата „Нимиц“. Бродовите од оваа класа се најголемите некогаш изградени со должина од 333 метри и носивост од над 100.000 тони.

Веќе и птиците на гранките знаат дека уште од меѓувоениот период најважните бродови на секоја морнарица се носачите на авиони. Барем онаа морнарица што ги има на располагање.

Токму поради ваквиот историски факт, американските пловни објекти од овој тип „случајно“ испловиле ден пред јапонскиот напад на Перл Харбор во декември 1941 година и на тој начин биле спасени, а подоцна и употребени на пацифичкиот воен терен.

На сликата пред вас се гледа токму еден таков американски носач на авиони, и тоа од класата „Нимиц“, кој е развиен во седумдесеттите години од минатиот век, со должина од 333 метри и носивост од над 100.000 тони, а тоа се најголемите воени бродови некогаш изградени и употребени. Името го добила според првиот носач на оваа класа кој е изграден, бродот „УСС Нимиц“. Тој го добил името според славниот американски генерал Двајт Д. Ајзенхауер, кој по Втората светска војна стана 34. претседател на САД. Бродот првично бил наречен „УСС Ајзенхауер“, но подоцна името било променето во „УСС Нимиц“.

Фотографијата, што најблаго речено е спектакуларна, настанала на 3 ноември 2006 година во водите на Црвеното Море, а нејзиниот креатор е фотографот Мигел Ангел Контрерас. Сликал од хеликоптер „СХ-60 сихок“, а човекот што се гледа на сликата е маринецот Кристофер Кортни.

 

Scroll to Top