„Гугл“ слави 19 години од основањето

„Гугл“ денеска слави 19 години и по тој повод одлучи да приреди голем број изненадувања.

На страницата на пребарувачот се нуди т.н. гугл-дудл спинер, со кој може да се избере игра што сакате да ја играте.

Интересно е што станува збор за многу стари, но сè уште омилени компјутерски игри, како што е „Снејк“. Меѓу 19-те игри се и Тic-tac-toe, квизот Earth Day, „Пекмен“, но и Halloween game.

Инаку, „Гугл“ е формиран 1997 година кога неговите основачи Лери Пејџ и Сергеј Брин се запознале на Универзитетот „Стенфорд“ и одлучиле да создадат систем со кој ќе ги организираат информацииите на интернет. Канцеларијата ја отвориле во гаража и почнале да работат.

Денес „Гугл“ има над 4,5 милијарди корисници од речиси 160 земји.

Scroll to Top