Хотел во Северна Кореја се гради 30 години

Хотелот Ryugyong во Северна Кореја требаше да биде отворен во 1989 година, но градбата никогаш не беше комплетно завршена. Во тоа време кога хотелот требаше да ги прими и првите гости, оваа градба требаше да биде седмата по големина на облакодер и највисокиот хотел во светот.
Изградбата на големиот хотел започна во 1987 година, но економската депресија ја прекина работата. Хотелот требаше да има 3.000 соби, седум ресторани, казина, ноќни клубови и салони. Дизајнот беше во вид на пирамида, кој требаше да биде дополнителна атракција за гостите. Досега во многу наврати имаше информации дека хотелот ќе продолжи со градба, но сè тоа досега се покажа дека се само шпекулации.
Неодамна се појавија фотографии на кои се гледаат кранови и градежни возила покрај објектот, па повторно се појавија информации дека фамозниот хотел ќе биде дограден и набргу пуштен во употреба. Сепак, од Северна Кореја досега нема никаква потврда.
Scroll to Top