Иако се во брак со британските принцови, Мидлтон и Камила воопшто не се принцези

Кејт Мидлтон медиумите често ја нарекуваат принцезата Кејт или Катрин, но таа воопшто не е британска принцеза, иако во брак е со друга по ред во линијата на наследнички на британската круна. Ни Камила Паркер која е во брак со британскиот престолонаследник не е британска принецза. Зошто тоа е така и какви се тие правила на доделување на титулата во кралските семејства.

Работите се уште почудни што Диана Спенцер, стана „Дијана, принцезата од Велс“ истиот ден кога се омажи.

Кејт Мидлтон, никогаш нема да биде принцезата Кетрин. Таа веројатно може да стане „Кетрин, принцезата од Велс“, ако принцот Чарлс стане британски крал и синот Вилијам дојде до титулата принцот од Велс. Така што, титулата принц или принцеза која доаѓа според името, своевиден идентитет, се добива само по раѓање, во британското кралско семејство. Затоа децата на Кетрин, Џорџ и Чарлтон се принц и принцеза.

Зошто тогаш Диана стана „Диана, принцезата од Велс“, со мажењето?

Затоа што во моментите кога се склопи бракот со принцот Чарлс, тој веќе беше престолонаследник, односно принц од Велс.

А зошто Камила не е принцеза?

Иако се омажи за пресолонаследник, Камила и неговата втора жена, која со текот на времето е разведена, таа нема право на титулата на принцеза од Велс. Иако е кралица, може да направи и да и се додели титулата, поради тоа што постои чувствителнос кај британската јавност, која токму за принцеза од Велс ја смета Диана, Камила не го направи тоа.

Британската јавност сеуште не знае која титула ќе ја има Камила кога Чарлс ќе стане крал, но многу е мала веројатноста дека ќе ја добие титулата кралица во придружба.

 

 

Scroll to Top