Индиец платил венчавање за 251 сиромашна девојка

Индијски богаташ и трговец со недвижнини платил за 251 сиромашна девојка свечено венчавање на Божиќ. Махеш Савани венчавките ги организирал во градот Сурат, во западната држава Гудџара, за девојки хиндуисти, но и за девојки од муслиманско и христијанско малцинство.

Тој веќе низа години плаќа и организира венчавки за девојките кои ги изгубиле своите татковци и кои не можат да го платат трошокот за венчавката.

Од 2012 година, Савани им помогнал на 969 девојки да се омажат.

„Имам два сина и немам ќерка, иако отсекогаш посакував“, изјави Савани. „Сите овие девојки ми се како ќерки. Многу ме веселат. Нема ништо побожно од кanyadaana (хиндуистички обред на давање ќерка во брак). Оваа година еден од моите деловни пријатели, Батукбаи Мовалија, исто така помогна во плаќањето на венчавките“.

Освен плаќањето на обредот, тој ги плаќа и подароците, како златен и сребрен накит, домашни апарати и мебел за секоја невеста од вкупно 6250 долари, рече неговиот помошник.

Тој исто така ги плаќа и трошоците за семејно боледување и школување на децата.

Масовното венчавање е начин на намалување на трошоците за сиромашните девојки во Индија.

Таквата венчавка обично ја организираат филантропи, локални челници или организации кои работат во заедницата.

Scroll to Top