Исчезнал француски милионер, пронајден само неговиот глисер

Мултимилионер и сопственик на познатиот бренд на опрема за сурфање „Квиксилвер“, Пјер Агнес (54), исчезнал на 30 јануари.

Истражувачите го пронашле неговиот глисер заринкан на француската плажа, но од него нема ниту трага ниту глас.

Агнес испловил во вторникот утрото од одморалиштето „Хосегор“ на југозападниот дел од Франција и тргнал во риболов со својот 11 метри долг брод „Маскарет III“. Последен пат се јавил на крајбрежната стража дека ќе го откаже враќањето поради густата магла.

Од тогаш семејството и пријателите безуспешно се обидуваат да контактираат со него, а веднаш потоа е поведена и потрага по него. Два глисера и два хеликоптера тргнале да го бараат исчезнатиот Французин.

Неговиот брод е пронајден заринкан на плажа во близина на „Хосегор“. Ова подрачје е познато по идеалните услови за сурфање, но брановите може да бидат и прилично опасни.

„Во тек е потрага од воздух и на море. Ветровите во времето на испловувањето не биле пресилни, но високите бранови понекогаш ја намалувале видливоста“, изјавил портпаролот на полицијата, кој подоцна соопштил дека потрагата е откажана.

Агнес е татко на три деца и секогаш се обидувал да го избегне публицитетот, а секој слободен ден го минувал сурфајќи или пловејќи на југот на Франција.

 

 

Scroll to Top