Исповед на камикаѕе кој не успеа да се самоубие

Камикаѕите (божествен или духовен ветер) биле дел од јапонските единици за посебни напади на војската. Тоа се пилоти што изведувале самоубиствени напади во име на јапонското царство против сојузничките поморски бродови во завршните фази на пацифичката кампања во Втората светска војна.

Нивна цел била ефикасно уништување на воените бродови, кои се разликувале од конвенционалните воздушни напади.

Речиси 4.000 пилоти камикаѕи загинаа во текот на војната, а повеќе од 7.000 морнари биле убиени во нападите од камикаѕите. Повеќето пилоти имале меѓу 17 и 24 години.

Кеичи Кувахара (91) е еден од ретките што успеале да преживеат.

„Додека летав, си мислев дека денеска ќе ми биде последниот ден во животот. Тогаш слушнав дека моторот произведува чудни звуци, а тогаш одеднаш се појави црн дим. На некој начин на такво нешто и се надевав. Бев среќен што ќе се вратам жив, но истовремено бев и уплашен што ќе помислат луѓето за мене“, вели тој.

Што мислат денеска младите во Јапонија за ваквите потези на камикаѕите?

Некои мислат дека тоа е глупав потег, други сметаат дека со тоа луѓето покажуваат храброст, а некои мислат дека целата ситуација била ирационална.

Од друга страна, сите едногласно истакнуваат дека во случај Јапонија денеска да е во војна, голем број не би се согласиле на ваква самоубиствена мисија.

Кеичи Кувахара смета дека оние што загинале за својата земја се вистински херои.

„Сепак, сите тие можеле да имаат долг и исполнет живот по војната, како што имав и јас. Тоа што од нив се барало да го направат не смееше да се случи“, изјави тој.

Смета дека е страшно што нивните животи завршиле во име на татковината.

Гледајте го видеото:

 

 

 

 

 

Scroll to Top