Како да распознаете ГМО-банани

Многумина не обрнуваат внимание на налепниците залепени на кората на овошјето, туку инстиктивно ги одлепуваат пред јадење. Дури и кога ќе ги забележат, ретко кој знае што значат.

Но, тие не се залепени таму без причина, објаснуваат експертите. Освен евентуално името на производителот, на декларацијата треба да се најде и бројот што открива важни податоци за начинот на кој е одгледано овошјето.

Декларацијата првенствено се однесува на овошјето што е увезено.

Налепница со 4 броја

Ако овошјето има декларација со четири броја и почнува со бројот 3 или 4, значи дека е одгледувано со помош на вештачко ѓубриво, односно по земјоделски правила што важат во последните 50-ина години. Лимонот, на пример, е означен со бројот 4033, а бананите со бројот 4011.

Налепница со 5 броја

Ако овошјето има пет броја, од кои првиот број е 9, тоа значи дека е органско. Таквата декларација е гаранција дека тоа овошје е одгледано без пестициди и ѓубриво. На пример, органски одгледаните банани се со бројот 94011.

Првиот број на декларацијата е 8

Ова можеби е најважната декларација бидејќи претставува овошје што е генетски модифицирано, а се препознава врз основа на пет броја, од кои првиот е секогаш 8. На пример, овие банани го имаат бројот 84011.

 

Scroll to Top