Како да се заштитите од загадениот воздух

Aерозагадувањето се состои од микроскопски честички што се толку мали што може да навлезат во белите дробови и да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. И PМ10 и PМ2.5честичките може да го нарушат здравјето, особено на белите дробови и на дишните патишта.

Со оглед дека PM2.5 честичките навлегуваат подлабоко во респираторните органи и се составени од потоксични материи (како тешки метали и органски соединенија што предизвикуваат рак) може да предизвикаат значително посериозни последици по здравјето на човекот од PM10 честичките.

ГОЛЕМИ – овие честички се меѓу 2.5 и 10 микрометри (од околу 25 до 100 пати потенки од човечкото влакно). Тие се нарекуваат PМ10.

МАЛИ овие честички се од 1 до 2.5 микрометри (100 пати потенки од човечкото влакно). Тие се нарекуваат PM2.5.

УЛТРА МАЛИовие честички се помали    од еден микрометар.

Ултра малите честички навлегуваат во најситните делови на белите дробови, во алвеолите, што кај хроничните болни  доведува до појава на карцином.

Честичките се всушност јаглеродно јадро на кое се апсорбирни голем број на неоргански и органски материи како и разични видови на тежок метал,Тоа зависи од изворот на загадување во одредена средина. При аерозагадувањето се случува оксидативен процес со кој по пат на оксидација ги оштетува клетките.

Како функционираат филтрите со активен јаглен?

Филтрите со активен јаглен се составени од широк систем на пори со молекуларна големина. Овие пори имаат висока адсорбција, формирајќи силна хемиска врска со миризливи, гасни и течни загадувачи, особено органски хемикалии/соединенија.

Факти и студии за филтрите со активен јаглен

– Филтрите со активен јаглен ги фаќаат во стапица мирисите и хемикалиите во многу абсорбенти гранули (или пори).

– Активниот јаглен е јаглен кој се третира со кислород, со цел да отвори милиони мали пори помеѓу јаглеродните атоми, што резултира со материјал со висока адсорбција.

– Првобитно се користеле во Втората Светска Војна за заштита на Американските војници од хемиските агенси.

– Во студија спроведена од страна на Одделот за енергетика на САД, филтрите со активен јаглен докажано е дека отстрануваат 60-70% од воздушните загадувачи споредено со филтрите без активен јаглен.

– Според извештајот објавен од страна на Центрите за контрола на болести, Одделот за здравство и социјални услуги, и Националниот институт за безбедност и здравје, активниот јаглен е одличен адсорбер/апсорбер на повеќето органски хемикалии.

 

Scroll to Top