Како навистина се живееше во времето на Слободан Милошевиќ?

Дванаесет години по смртта на поранешниот претседател на Југославија и Србија, и хашкиот обвинет затвореник, Слободан Милошевиќ, сме сведоци на преправањето на историјата, романтиразирање на неговиот лик и дело и обид за рехабилитација низ различни иницијативи да му се подигне споменик, а на плоштадот да му се даде и неговото име.

За мртвите се најдобро, но баш поради тоа социјалните мрежи се преплавени со пофалби на сметка на неговата харизма, борба за Србија до последен ден и слични небулози, неопходно е да се направи краток потсетник на катастрофите од деведесетите години.

Од моментите кога како претседател на српските комунисти во СФРЈ, кога стапи на власт по митингот на Ушче „Братство и единство“, кој се случи на 19 ноември 1988 година, следела работи кои ниту една генерација не би требало да ги заборави: Распадот на Југославија, залудните војни, бомбардирањата на Србија, егзиот на народот и етничкото чистење, хиперинфлацијата, изборните кражби, зачестените демонстрации и студентските протести, потоа убивањето на политичките неистомисленици и новинари, грабежите и лажењето на соствениот народ…

 

ВЕ САКАМ И ЈАС ВАС!

Историчарите сметаат дека година дена подоцна на Газиместан, на Видовден на 28 јуни 1989 година, Слободан Милошевиќ во својот говор со реченицата за „вооружените бики кои не се исклучени“ го најави распадот на СФР Југославија.

Митингот по повод прославата на 600 годишнината на Косовската битка собра околу милион луѓе, но не и 50 западни дипломати кои настанот го гледале како „прегреан српски национализам“. Народот скандинирал „Слобо, ние те сакаме“, а следеше и прочуениот одоговор „Ве сакам и јас вас!“.

Сепак косовскиот проблем не е решен. Всушност Милошевиќ само го разбуди и го прологнираше  така Србија остави да тапка во место, на прагот пред ЕУ, со голема опашка од минатото.

 

РАСПАД НА ЈУГОТ И КРВАВИ ВОЈНИ

Растот на национализмот во поранешните републики, незадоволството на косовските Албанци, крвожедните поединци на власт и засилувањето на паравоените формации, доведоа до распад на Југославија и распламнување на војните на бројни фронтови од една страна, како и богатење и повлекување на поединци од друга. Следеа санкции врз СР Југославија, од страна на Обединетите Нации, а сиромаштијата, редовите пред продавници со бонови за леб и масло станаа наша реалност, а препродажбата на цигари за многу стана увозен бизнис.

 

Инфлацијата и хиперинфлацијата, кога цените во просек се зголемиле за 62 проценти дневно, довело до тоа да од платите не можело да се живее. За заработеното можело да се купи едно обично НИШТО. Не се живеело, туку се преживувало, а народот морал да се снаоѓа на сивиот пазар. Курсот на марката подивел, отштампани се само 33 нови безвредни пари со бесконечна низа на нулата, рафтовите низ продавниците, фрижидерите и стомаците на народот биле празни.

Степ соковите, млекото во прав од кој мајките им правеа чоколадо на децата, чекањата во редови за леб и масло, бензин во канти, и боксови цигари под тезгите, се само дел од траумите на секој Балканец, а штедењето кај Дафине и Језда се претвори во грабеж на народот, извозот на пари во Кипар се пеколот за кој никој нема да сноси одговорност.

Хрватските сили за тоа време убиле најмалку 1800 лица од српска националност, а протерале 250.000 Срби, додека на територијата на Босна и Херцеговина, од 1992 година до 1995 година, настрадало 2,4 проценти од наслението, односно 68,101 муслимани, 22,779 Срби, 8858 Хрвати и 4995 лица од останатите националности.

Во ноември 1995 година, и Дејтонскиот договор со кој е завршена војната во Босна. Сепак воените профитери излегле се побогати од сето ова, на сметка на сопствениот народ.

ИЗБОРИ, КРАЖБА НА ГЛАСОВИ И ГОЛЕМИ ПРОТЕСТИ

Од првите големи улични демонстрации на 9 март 1991 година, кога 100.000 луѓе излегле да ја поддржат опозицијата водени од СПО и Вук Драшковиќ против државната репресија, следеле студентски протести во вид на „српската кадифена револуција“. Тенковите на улиците мртвиот полицаец, и 17 годишното момче и водењето на Милошевиќ на борбата за демократија на младите како „сила на безумие и хаос“, најдобро го отсликуваат тоа што допрва следело.

 

Лажирањето на изборните резултати во ноември 1996 година на локалните избори довело до големи протести во организацијата на коалицијата „Заедно“. Во новогодишните демонстрации се собраа околу половина милион луѓе, а граѓанските протести траеле 77 дена, додека студентите истрајаа во борбата подолго од 117 дена.

Паралелно, организира е и контрамитинг на Теразија, каде се собрале приврзаниците на ЈУЛ и СПС, на 24 декември 1996 година, кога за малку била избегната граѓанска војна.

 

За цело време гладниот народ, кој ја изгубил довербата во режимските медиуми и власта, е изолиран и желен за промена на Милошевиќ и за него блиските медиуми и понатаму го нарекуваат „шпион“, „странски платеници“, „рака на случајни минувачи“…

БОМБАРДИРАЊЕТО НА СРБИЈА И ИЗГУБЕНОТО КОСОВО

Меѓународната заедница, се обидува да го стави Косово под своја контрола. Милошевиќ одбива првично да го прифати договорот за повлекување на дел од војската и политичките сили од Косово и Метохија во Рамбује. На 24 март почнува 78 дневно бомбардирање на Србија, во време кога паднаа околу 4000 цивилни и воени жртви.

Граѓаните кои беа преплавени со ураниум, беа оставени со разрушени земја, мостови, патишта, железници и изгубено достоинство. Милошевиќ ниту тогаш не најде за сходно да каже дека е виновен, иако за злосторства против човештвото веќе беше обвинет од Хашкиот трибунал. Не сакал да се предаде до последниот ден, односно до денот по ПЕТООКТОМВРИСКАТА РЕВОЛУЦИЈА.

ПЕТТИ ОКТОМВРИ 2000 ГОДИНА

На изборите на 24 септември 2000 година, за претседател на СРЈ против Милошевиќ се кандидирал Коштуница и ја однел победата.

Демократската опозиција го повикала народот да излезе на улица и да се спротивстави на големата изборна кражба и да се промени уредувачката политика на РТС.

На улиците излегле милион луѓе од сите градови на Србија. На багерите, против солзавецот и распоредените кордони полиција, граѓаните влегле во Собранието, ја запалија РТС и го симнаа Милошевиќ, пред тој да ја подигне војската против народот.

 

На шести октомври, Милошевиќ се обрати на јавноста и на крај го призна поразот. Сепак, апсењето на 1 април 2001 година, траело два дена, поточно по седум часа преговори. Приведувањето во Хаг следело на 28 јуни, а судењето на 12 февруари 2002 година.

Агенцијата наречена Слободан Милошевиќ за многумина траела се до неговата смрт на 11 март 2006 година, додека последиците од неговата лоша политика ги чувствуваме до ден денешен.

 

Scroll to Top