Калуѓерка почина на судењето на Кети Пери

Калуѓерката која беше дел од судењето против поп ѕвездата Кети Пери поради продажбата на манастирот во Лос Анџелес, почина во судницата.

89-годишната калуѓерка неколку часа пред да почине, зборуваше за телевизијата КТ, односно се противеше на одлуката на судот дека на бискупијата од Лос Анџелес ѝ е дозволено да го продаде манастирот во населбата Лос Фелиз на Кети Пери. Познатата пејачка проба да го купи имотот од 8.000 хектари и неговите објекти во стилот на римските вили за 14.5 милиони долари. Од друга страна, како што кажува агенцијата, калуѓерките се обиделе тој манастир да го продадат на друг купувач, сопственик на локален ресторан кој сакал на тој имот да изгради хотел, но судот во 2016 година одлучи дека таа продажба не е дозволена.

Scroll to Top