Ќерка на воен инвалид од Хрватска засака Србин

Дека љубовта не познава граници, одамна е познато и за тоа речиси и никој да не зборува, но кога една таква приказна ќе се случи на Балканот меѓу двајца млади од Србија и Хрватска, јавноста и тоа како се буди. За среќа, и двајцата добија само убави коментари.

Неодамна на фејсбук-страницата „Страница на љубовта меѓу Срби, Хрвати и Бошњаци, шириме љубов, а не омраза“, споделена е фотографија со исповед на една млада девојка од Хрватска, со која воодушеви голем број корисници на оваа социјална мрежа.

Како што вели оваа девојка, иако никогаш не планирала, таа се заљубила во момче од Белград. Татко ѝ, кој учествувал во војната во деведесеттите и кој тогаш останал инвалид, немал коментар на нејзиното отворено признание.

Тогаш стигнало време за слава и момчето ја викнал со семејството да дојде во Белград. Не очекувала дека нејзините ќе се согласат, па се спакувала и се подготвила да тргне на пат сама. Сепак, на нејзино изненадување, утрото, нејзините родители ја дочекале пред куќата подготвени да тргнат заедно со неа.

Стигнале во Белград, а тогаш не се знаело кој повеќе бил изненаден, нејзиното момче или татко му. Како што пренела оваа девојка, тоа бил најубавиот ден во нејзиниот живот.

Scroll to Top