Ким Џонг-ун изгради луксузен скијачки центар за да привлече туристи

Лидерот на Северна Кореја изградил ски-центар со кој сака да го развие туризмот во земјата. Неодамна таму се одржа заеднички тренинг на спортистите од Северна и Јужна Кореја, па светот доби можност преку фотографии да го види луксузниот спортски центар.

Скијалиштето Масикјонг е сместено во близина на градот Вонсана, родниот град на Ким. Според медиумите, ова место е омилено за севернокорејскиот лидер кој обожава скијање.

Местото е отворено 2013 година. Опремено е со луксузна опрема, а во близина има и продавници во кои се продаваат популарни светски брендови. Јужнокорејските новинари не потврдија дали станува збор за оригинали или копии.

„Голем број туристи доаѓаат тука и покрај меѓународните санкции против Северна Кореја“, изјавил за медиумите вработен во ски-центарот.

Заедничкиот тренинг на спортистите од двете земји е дел од предлогот на Сеул Зимските олимписки игри, што почнуваат на 9 февруари, да бидат „Олимписки игри на мирот“.

Scroll to Top