Кога ќе се вратам од кај Погба,посакувам да ме чека лекот

Јане на 13 март ќе биде гостин на Пол Погба и ќе го следи осминафиналниот натпревар од Лигата на шампиони меѓу Манчестер Јунајтед и Севолја.

„Пресреќен сум што ќе гледам во живо натпревар од Лигата на шампиони, но на мојата среќа ќе и нема крај ако кога ќе си дојдам од Манчестер мама да ми каже дека ќе го добијам лекот кој ќе ми помогне еден ден и јас да заиграм фудбал како Погба“, вели деветгодишниот Јане Велковски за smart.sdk.mk. Тој боледува од ретката болест спинална мускулна атрофија

Премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Фондот за здравство Ден Дончев, имале средба со претставници од компанијата „Биоген“ која го произведува лекот за ретката болест СМА-спинраза.  Во тек се преговите за набавка на лекот.

„Фудбалот ми значи сè. Кога играм фудбал, заборавам на сè. Кога гледам фудбал сум најсреќен. Јас не можам да одам, така сум роден, имам спинална мускулна атрофија. Сега сум голман, бранам во мојата електромоторна количка, можам да го водам тимот, да бидам капитен. Цела моја фамилија го сака фудбалот“, вели во видеото на УЕФА Јане, каде што е прикажан како игра фудбал и им дели совети на другарите од неговиот тим како да дадат гол.

Scroll to Top