„Мајкрософт“ подготвува нови опции за „Виндоус 10“

Корисниците со новите промени што ги носи „ Виндоус 10 “ сега ќе можат да ги исклучат сите потсетници во одреден временски период.

Со опцијата Quiet hours, Insider Preview Build 17074 сега ви овозможува да одберете потсетник на контакти што за вас ќе има приоритет и кој ќе важи и во текот на тивките часови.

Ваквата нова верзија на „ Виндоус 10“ добро ќе им дојде на сите оние што ги оставаат компјутерите вклучени во доцните часови.

Опцијата Quiet Hours исто така помага при играњето игри што ги играте на повеќе монитори.

Додатоците што ги носи ваквата надградба не се конфигурирани за исклучување на потсетниците.

Microsoft Edge

На добар пат е и подобрувањето на опцијата за читање на дигиталните книги со EPUB-форматот, како и за синхронизација на читање повеќе уреди.

Она што многумина ќе ги воодушеви е опцијата за исклучување на лозинката за домен во пребарувањето Microsoft Edge. Ова исто така вклучува и автоматско зачувување на лозинката и подготвување на екстензија во модулот на работа InPrivate.

Целата листа на подобрување можете да ја најдете на службениот блог на „Виндоус 10, на следниот линк.

 

 

 

 

Scroll to Top