Македонија ќе ја покрие снег

Метеорологот Славчо Попвоски, апелира до надлежните да се спремат за циклонот кој доаѓа овој викенд.

„Под влијание на циклонска активност и на изразена влажна и студена воздушна маса која ќе се спушта од Арктикот почнуваќи веќе од сабота ноќта на пониските места ќе има локални врнежи од дожд додека на повисоките места и на планините ќе врне снег„, вели Салвчо Поповски.

Во текот на ноќта од вечерва кон недела поради спуштањето на овој ладен воздух врнежите од дожд ќе поминат во снег и на пониските места но сеуште ќе бидат локални.

Врнежите се интензивираат во сабота доцна  ноќта па така врнежи ќе има насекаде низ државава  и ќе продолжат и во текот на понеделникот и вторникот. Истите ќе бидат од снег секаде, само југоисток ќе бидат од дожд и од снег.

Очекувана снежна покривка: На пониските места некаде од 5 до 15 на југоисток во другите места од 10 до 20 сантиметри, понекаде и над 30 сантиметри.

На повисоките места до околу 50 сантиметри (можно и повеќе) додека на планините и преку 6о – 70 сантиметри.

Scroll to Top