Манекенка се фрли од шестиот кат

Руската манекенка Екатерина Стетсиук се фрлила од шести от кат од хотел во Дубаи за да му избега на американски бизнисмен, кој, според руските медиуми, се обидел да ја силува и да ја убие. Според нив, манекенката не сакала да има секс со него, па мажот ѝ се заканил со нож. Екатерина го преживеала падот. Таа е тешко повредена, нозете ѝ се скршени, има и други повреди, но е жива и закрепнува.

Името на напаѓачот засега се држи во тајност. Полицијата сака да ја уапси и Екатерина оти мажот изјавил дека го нападнала и дека морал да се брани. Ова ѝ го кажал на полицијата дури кога го запреле на аеродром оти се обидел да го напушти Дубаи. Ако се докаже дека е напаѓач, може да добие и казна од 15 години затвор. Полицијата дополнително ќе реши дали ќе ја уапси и неа и дали таа прва го нападнала бизнисменот.

 

Scroll to Top