Мапа која покажува како Србија полека изумира

Дека Србија станува се помала, одамна е познато, но дека драстично е намален бројот на повеќечлени семејства, до тој степен што огромен број од домаќинствата се со максимално два члена, а мал процент се со три до четири. Тоа е застрашувачки момент.

Од 1948 година, која е прва во низата на мапи која го отсликува изумирањето на Србија, третината од земјата се „сини“, што значи дека голем дел од Србија има најголем број на домаќинства со пет и повеќе членови.

Во наредните години, тој процент ќе опаѓа, се додека не дојде до исчезнување од мапата.

Веќе во 1971 година, Косово и Метохија повеќе не давале податоци, па не се знае конкретната состојба, но од 2002 година, никаде повеќе немало домаќинства од по пет членови. Така стигнуваме до мапата од 2011 година, кога ситуацијата е повеќе од алармантна.

Бидејќи не е одработена статистика од претходните години, не смееме ниту да помислиме како оваа мапа ќе изгледа во 2021 година.

 

 

Scroll to Top