Месечарел, паднал од осмиот кат и останал жив

Месечарел во сон и излегол низ прозорецот од станот и паднал од осмиот кат. Ренди Потисан (35) паднал од градежно скеле, шест ката пониско од катот на кој се наоѓа неговиот стан во Њујорк и останал жив. Пожарникарите го подигнале од скелето и низ прозорецот го внеле во станот од каде што стигнала итната помош.

Ренди при падот ја скршил ногата и ги повредил градниот кош и грбот, но лекарите велат дека ќе закрепне.

Неговиот брат изјавил дека Ренди и претходно месечарел.

Неговата девојка изјавила дека тој главно пиел апчиња за спиење пред да легне.

 

„Загрижена сум за него. Се плашам дека следниот пат можеби нема да имам толкава среќа“, изјавила мајка му.

Луѓето што користат апчиња за спиење без рецепт често се во опасност од месечарење. Истражувањето од 2012 година било спроведено на Универзитетот „Стенфорд“ и покажало дека околу 3,6 проценти од возрасните луѓе месечарат.

 

Scroll to Top