Му се причинило дека се поморднува бандерата, а кога се доближил следувал шок

Престрашени туристи во близина на Мелбурн затекнале гнездо со џиновски пајаци на една бандера во лозјето, а фотографиите веднаш биле поставени на социјалните мрежи.

Набргу следела интернет хистерија, а луѓето зборувале дека пајаците се и отровни, дека можат да скокат и да се движат многу брзо.

Ова не е прв пат луѓето да се соочуваат со огромни пајаци. Неретко ги затекнуваат во своите домови, на балконите или во дворовите.

Scroll to Top