Од Министерството за внатрешни работи не потврдуваат дека двајцата планинари на Кајмакчалан се мртви. Иако грчките медиуми пишуваа дека во снежна бура на планината загинале момче и девојка, хеликоптери интензивно ги бараат планинарите. Тие биле дел од група која планинарела на македонската страна од планината, но на двајца од нив им се загубила трагата.
Од МВР соопштиле дека е лоциран сигналот на нивните телефони на македонската страна од планината, а дека е известен и Центарот за управување со кризи и граничната полиција. Тие велат дека во моментов не можат да потврди дали планинарите се живи или не.