На денот на вљубените нарачал две вина и вечери, па заплакал во ресторанот

Фотографија на која постар маж вечера со пепелот на својата покоја сопруга во еден ресторан во Тексас, стана вирална на социјалните мрежи и предизвика сочувствување и така кај многу луѓе ширум светот.

Фотографијата ја поставила Чејсиди Гвалдни, која на денот на Вљубените, вечерала со својот партнер во истиот ресторан. Оваа слика ги допрела и потресла премногу.

„Виновни сме што од време на време ја земаме нашата друга половина, здраво за готово. Некогаш поради работата забораваме да ја бакнеме и на заминување да и кажеме дека ја сакаме. Не приметувавме како тие мали работи значат многу на тие драги луѓе“, напиша таа на Фејсбук.

 

Мажот дури нарачал две чаши вино, и едната ја ставил пред стакленото шипе во кое се наоѓала пепелта. Заплакал кога стигнала вечерата.

„Оваа фотографија говори гласно и можеби ќе ве заболи како мене. Сакајте ги вашите партнери додека имате можност, никогаш не знаете што новиот ден ќе ви донесе или одземе“, напишала Галднијева.

Фотографијата добила над десетина илјади лајкови, шерувања и коментари.

 

Scroll to Top