На целиот свет нема ништо посилно од мајчинската љубов

Подгответе ги марамчињата…

Една тажна индијска реклама предизвика вистинска бура на емоции кај луѓето, затоа што таа не рекламира ниту еден производ, туку покажува дека мајчинската љубов е најсилна на светот, па дури посилна и од самата смрт.

Во снимката е прикажана жена која претрчува на патот, и ги моли случајните минувачи да и помогнат да го спаси детето. Логично, патниците го запираат своето возило, и притрчуваат да му помогнат на детето кое е заробено во искршените возила.

Детето го спасуваат од уништеното возило, а во следната секунда, жената која моли за помош, исчезнува.

Кога мажот ќе се доближи во делот на скршеното возило, на возачкото место се наоѓа мртва жена, која загинала во сударот. Всушност нејзиниот дух им се прикажал за да застанат и да му помогнат на нејзиното дете да преживее.

Се разбира, целата снимка има метафорично значење, кое има за цел да покаже како мајчинската љубов е посилна и од самата смрт.

Погледнете и подгответе си ги марамчињата…

 

Scroll to Top