Нафтата е измама, а изумител од Бразил вози мотор на вода

Сè поголем број луѓе сфаќаат дека дел од елитата нè манипулира со помош на нафтата! Веста дека Бразилец вози мотор кој како гориво користи вода место нафта се прошири на социјалните мрежи.

Изумот е веќе виден, но нафтените компании обично ги подмитуваат изумителите или, пак, истите страдаат под неразјаснети околности.

Нафтата како гориво никогаш и не била потребна. Поседуваме технологија благодарение на која можеме да патуваме речиси бесплатно, користејќи вода.

Бразилецот  Рикардо Азеведо од Сао Паол го покажа својот чудесен мотор. Оваа магична машина може да помине и до 500 километри само со еден литар вода.

Таканаречениот „T Power H20“ се движи на вода, со помош на надворешен акумулатор, кој создава струја преку одвојување на молекулите на кислород во водата.

Процесот кој вклучува систем на цевки резултира со согорување, и тоа е тоа што создава енергија потребна за напојување на моторциклот.

Снимено е видео во кое Азеведо ја покажува генијалноста на својот изум откако прво пие од чистата вода за да докаже дека боцата навистина содржи  H20, а не гориво.

Говорејќи за мотоциклот, Азеведо исто така истакна дека неговиот изум е предност и за чистата околина.

Тој изјави: „Предноста на овој мотор, кој работи со водород кој произлегува од водата, е резултат на емисиите на издувните гасови од водената пареа “.

Тоа е различно од бензинот, чиј резултат е јаглерод моноксид.

Секој човек на оваа планета има право на бесплатна енергија. Не сакаме повеќе да бидеме робови на нафтените и автомобилските компании!

 

 

Scroll to Top