Најбогатите луѓе во светот во сите земји и по континенти

Сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, го надмина и самиот Бил Гејтс и стана најбогатиот член на клубот со 100 милијарди долари. Според таа листа, тој во моментов поседува 101 милијарда долари, а пред само неколку дена тој износ беше нешто помал од 100,3 милијарди долари.

Според листата на милијардери која ја направи Блумберг, трите најбогати лица во светот доаѓаат од САД и тоа со ред Џеф Безос, со 10 милијарди долари, следуваат Бил Гејтс со 89.2 милијарди долари и Ворен Бафет со 79,2 милијарди долари. На четврто место е шпанскиот деловен тајкун Амансио Ортега со 75,9 милијарди долари, додека петтото место е резервирано за Марк Зукерберг.

Извештаите од другите агенции варираат и зависат од тоа како вкупно се евалуира нечие богатство, но во суштина гледано сите тие листи упатуваат на едни исти луѓе. На страницата „HowMuch.net“ направена е географска мапирана карта од најбогатите луѓе на светот, која е поделена по континенти и држави.

Од првите 15 на листата најбогатите 10 доаѓаат од САД.

Во Северна Америка и Карибите, претставниците на најбогатите се Џеф Безос од САД, Дејвид Томпсон од Канада, со 26,9 милијарди долари, Карлос Слим Хел, телеком магнатот од Мексико со вкупна вредност на богатството од 61,9 милијарди долари. Од Карибите, конкретно од островите Сент Китс и Невис доаѓа 2,7 милијарди долари тешкиот Џеки Ксу.

Што се однесува до Европа, работите се покомплицирани затоа што секоја земја има свој претставник. На прво место е Амансио Ортега, сопственик на Зара, следи Французинот Бернард Арно, сопственик на неколку познати брендови меѓу кои и Луј Витон, и Германецот Карл Алберт Помладиот. Меѓу милијардерите можеме да го пронајдеме и Данецот Кјелд Кирк Кристијансен од Лег, Марија Франка од Фисолоу од Италија, која своите 30 милијарди ги заработила во Нутела, но и Татијана Касираги од Монако која се збогати на пивото.

Интересен е податокот што недостигаат земјите од Источна Европа, како и од поранешна Југославија затоа што, според зборовите на луѓето од ова истражување, овие земји имаат далеку подолг пат кога станува збор за создавање мултимилијардери.

На исток од Русија, Средниот Исток и Азија, вкупното лично богатство е нешто пониско, но и понатаму ова за нас се фантастично големи износи. Во Русија најбогат е Алексеј Морашов со 17,8 милијарди долари, кои ги зарабтил на челик и инвестиции. Во Кина деловниот магнат, инвеститор и филантроп е Ма Хуатенг со 42,8 милијарди долари. Јапонија го понуди својот телеком и интернет на магнатот Масајоши Сона со 22,8 милијарди долари. А од принцевите се спомена и името на принцот Алвалид Бин Талал Алсауда од Саудиска Арабија, тежок 16,5 милијарди долари. Принцот се занимава со инвестиции, пишува „Gentleman.hr“.

Во Јужна Америка најдобро се живее од пивот, и интересен е податокот дека речиси половина земја од овој континент е во можност да произведе мултимилијардери. Имено, најбогатиот човек на овој континент е Хорхе Пауло Леман од Бразил, а тежок е 29,3 милијарди долари, а поголемиот дел од тоа богатство го заработил токму на пивото. Следуваат со 16 милијарди долари тешката Ирис Фонтбон од Чиле, дамата која се занимава со рударство.

На африканската сцена на милијардери, а која брои 8 членови, се наоѓаат Алико Данготе од Нигерија тежок 13,8 милијарди долари, кои ги заработил на трговијата со цемент, шеќер и брашно, а следуваат Ники Опенхајмер од Јужноафриканската Република, кој се занимава со дијаманти. На третото место најбогати во Африка се Насеф Савирис, градежник од Египет, тежок 6,1 милијарди долари. Најбогатата дама е Изабел дос Сантос од Ангола, која се занимава со инвестиции и заработила 3,4 милијарди долари.

Океанија, кои ги вклучува Австралија, Нов Зеланд, Индонезија и Филипините, понуди вкупно 4 милијарди за оваа листа. Најбогат е Хенри Сај од Филипините, со 19,9 милијарди долари, следи Џина Рајнхард, која се занимава со рударство во Австралија и која е тешка 16,8 милијарди, а на трето место е Р.Буди Хартоно банкар од Индонезија, тежок 11,5 милијарди, додека последен на оваа листа е Граем Харт инвеститор од Нов Зеланд кој досега заработил 10,1 милијарда долари.

И така на основа на ова мапирање, добрите луѓе од „Howmuch.net“ порталот ја креираа листата на десет најбогати луѓе на светот, без оглед на тоа кој од каде доаѓа и со што се занимава.

Џеф Безос, 95,1 милијарда долари – Амазон, САД

Амансио Ортега, 74,4 милијарди долари – Зара, Шпанија

Карлос Слим Хел, 64,9 милијарди долари – Телеком, Мексико

Бернард Арно, 62,9 милијарди долари – LVMH, Франција

Ма Хуатенг, 43,4 милијарди долари – Интернет медиуми, Кина

Мукеш Амбани, 39,2 милијарди долари – Петрохемикалс нафта и гас, Индија

Ли Ка-шинг, 33,8 милијарди долари – разни делувања, Хонг Конг

Марија Франка Фисоло, 30,2 милијарди долари – Пиво Бразил

Беате Хеистер и Карл Албрехт помладиот, 29,2 милијарди долари – Супермаркети, Германија

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top