Најголемите суеверија во светот

Постојат многу суеверија меѓу луѓето, а многу од нив ги правиме свесно или несвесно, секојдневно.

Несреќа е да се помине под скала. Ова суеверие датира уште од пред 5.000 години и потекнува од Египјаните. Тие верувале дека скалата претставува врата за задгробниот живот. Оној што ќе помине под скала, пак, искажувал непочитување спрема боговите.

Скршено огледало носи 7 години несреќа. Ова верување постои од античка Грција. Во тоа време било нормално за луѓето да се консултираат со т.н. „гледачи во огледало“ кои им ја откривале судбината гледајќи го нивниот одраз во огледалото.

Древните Египјани верувале дека ако црна мачка ви пресече пат, тоа значи среќа. Меѓутоа во текот на средниот век во Европа се појавило сосема спротивно верување. Почнало да се верува дека црните мачки се поврзани со вештерки, па дури и дека тие самите се вештерки. Па ако црна мачка ви пресече пат, тоа носи несреќа и значи дека ѓаволот ве гледа.

Среќа е кога птица ќе ви се покака или ако згазите во измет од птица. Во светот на симболите, изметот симболизира пари. Се верува ако ви се искака птица на рамо или ако згазите птичји измет, ќе имате неочекуван прилив на пари.

Scroll to Top