Најшокантните работи кои луѓето ги признаа на срмтна постела

Во човечката природа е да се плашиме од смртта и тешко ни е да говориме за неа, или да присуствуваме на истата.

Иако е депресивна, факт е дека никој од нас не може да бира кој ќе ни бидат последните зборови на овој свет.

Оние кои добиле можност да ги слушнат последните зборови на своите најблиски, ги поставиле на социјалните мрежи, како Редит, и така ги направиле „бесмртни“.

Ова се најшокантните работи кои луѓето ги признаа на нивната смртна постела.

ТАЈНАТА ЈА КРИЕЛ ЦЕЛИОТ ЖИВОТ

„Мојот татко е посвоен од жена која дошла во црквата на мојата баба и дедо, и која забременела пред нивната венчавка. Мојот дедо на смртната постела, признал дека навистина имал афера со таа жена, и дека тој е вистинскиот татко, на мојот татко, поради што предложил и да го посвојат“, напиша корисникот под име Теј Лорд.

 

КОГА НА СВЕКРВАТА ЌЕ И КАЖЕШ СЕ ВО ЛИЦЕ

„Мојата мајка починала од рак кога имав само 11 години. Додека лежеше на креветот во куќата, баба ми со страна на татко ми, стоела покрај креветот. Се разбудила под влијание на силните лекови и рекла: „Што правиш овде? Никогаш не сум те сакала“. Звучи бесчувствително, но мојата баба на мајка ми и направи вистински пекол од животот, додека беше жива. Мојата друга баба, од страна на мајка ми, се обидела да се смее додека говорела дека не е така воспитана“, се исповеда Јонбабе.

БЕСЧУВСТВИТЕЛЕН ДЕДО

„Мојот дедо беше многу груб човек. Не кон мене, но никогаш не зборуваше за љубов и беше генерално нељубезен. Беше смешен и го сакав, но не беше чувствителен тип. Живеев на село додека дедо ми беше во град. Се шминкав за школската игранка во неговиот стан, кога ми рече дека сум уабава и дека не ми е потребна шминка. Никогаш ништо слично не рече претходно, така да бев многу изненадена. Следниот ден умре од срцев удар“, напиша Цибекстер.

 

САМО ЗЛАТО

„Последните зборови на мојот вујко биле упатени кон вујна ми: „Не дозволувај да је***иот погребител ги земе моите златни заби“, пишува Бацафлаца.

НАСМЕВКА КАКО БЕГ ОД РЕАЛНОСТА

„Додека мојата мајка лежеше во болница на креветот и умираше од рак, ме доближи кон себе си и ми рече: „Ги сокрив парите… ги сокрив парите во…“. Имаше проблем со дишењето и гласот и пукаше. Се обиде еднаш да каже, а потоа ги затвори очите, престана да дише и главата ја спушти на една стрнаа. Неколку секунди се смееше. Ме зезаше. Умре три дена подоцна“, напиа Секретолди.

 

КОГА НЕШТО НАВИСТИНА НЕ САКАШ

„Моите роднини и јас се собравме околу креветот на нашиот дедо кој умираше. Секој од моите роднини (а кои беа доста) го бакнаа дедо ми и се обидоа да разговараат со него. Говореа дека го сакаат. Но никој не го удостои со одговор, само ги гледаше. Додека не дојдов на ред. Седев на крајот од креветот, го фатив за рака, сите не гледаа, а тој ме погледна и ми рече: „Не сакам мексиканска храна“, тврди Момоказо.

ВИСТИНАТА Е ОЛЕСНИТЕЛНА

„Беше тоа пред неколку месеци пред да умре. Баба ми ми рече дека извршила мала нужда на гробот на нејзината свекрва, и рече дека е ку**а, и дека го заслужила тоа“, отворено напиша Hippydippy420.

 

 

Scroll to Top