Народна банка за 6000 евра купува венци и чоколади

Народната банка на Република Македонија преку електронска акуција ќе набавува млечни чоколади и цвеќиња.

Во објавениот оглас стои дека млечните чоколади треба да бидат со логото на банката, да имаат слики од банкноти од 1000, 500, 200, 100, 50 и 10 денари. Секоја чоколадата треба да биде 5 грама. Банката бара добавувачот да изработи 68.000 парчиња. Проценета вредност на чоколадите без ДДВ е 127.118 денари или околу 2.000 евра.

Од Народна банка истовремено распишале јавна набавка за 440 цвеќиња. Тие бараат да се купат икебани од 60, 50, 40 сантиметри, букети и венци. Според огласот, банката бара три парчиња рози од 80 сантиметри во розова боја, едно парче антурим во црвена боја, едно парче крин во розова боја, две парчиња гипсофила, како и шест розови гербери. Саксиското цвеќе треба да биде високо 15 сантиметри, спакувано во украсна хартија со црвен боја и машна ПВЦ со златна боја, во должина до 1 метар. Проценета вредност на цвеќињата е 257.627 денари без ДДВ или нешто повеќе од 4.000 денари.

На крајот на февруари ќе се одржи електронска аукција преку која ќе се избере најдобрата понуда.

Scroll to Top