Народни верувања: Како да се заштитите од црна магија и уроци

Многумина сметаат дека со помош на нашите мисли или со поглед полн со завист и омраза можете да нанесете болка, да повредите или дури и да усмртите некого.

Удар или фрлање црна магија е термин кој се користи за да се опише појавата каде духовните вибрации на една личност влијаат на друга личност. Во денешниов материјален свет има многу луѓе кои имаат многу недостатоци во карактерот како пороци, завист, омраза, љубомора и многу други, и со помош на вибрациите, кои се создаваат при такви недостатоци, можат духовно да влијаат врз други личности. Секое живо суштество може да биде засегнато од ваков удар или негативна енергија, верувале вие или не. А сега ќе разгледаме неколку начини за да ви биде појасно.

Во одредени ситуации, некои личности имаат лоши мисли за друг човек, а најчесто се работи за завист кон туѓиот успех. Негативните вибрации кои се создаваат во тој процес влијаат на дадената личност.
Со помош на црна магија, при што се употребуваат специфични мантри и средства со точно определена цел, за да се повреди дадена личност. Има многу луѓе кои се служат со црна магија. Тие ова го прават под влијание на негативната енергија.

Денешно време повеќето луѓе се исполнети со емоции како алчност, љубомора и сл. Луѓето кои се раководат од такви мисли се мошне опасни за вас, па затоа гледајте да бидете подалеку од таквите.Едноставно, бидете на дистанца и не дозволувајте овие луѓе да навлегуваат во вашиот приватен живот. Не откривајте ги вашите тајни и желби пред овие луѓе, бидејќи нивната цел е само да ви наштетат и да направат и вие да се симнете на нивно ниво, и да страдате исто како нив во нивниот духовен пекол и пустош. И ако знаете како да се заштитите од негативната енергија, таа ќе им се врати врз нивната глава и болката наменета за вас, тие најсилно ќе ја почувствуваат.

Сепак, постојат и други начини за отстранување на клетви и уроци и различни средства за одбивање на негативната енергија насочена кон вас.

Најдобрата метода е света вода која можете да ја најдете во било кој православен храм. Наутро, измијте ги очите со оваа вода и помолете се Господ да ве заштитува во текот на целиот ден од секакво зло, и да ја избрка од вас секоја лоша намера или помисла, ваша или на другите. Исто така се препорачува редовно да носите крст на вратот кој создава заштитно поле околу вас и ве штити од ударот. Во вашиот дом треба да имате икона пред која редовно во недела ќе палите кандило. Не би било лошо, во Недела наутро да присуствувате на утринска литургија. Треба да се причестите најмалку 2 пати во годината. Причесната е огромна тајна на православната црква и ги парчосува и најмоќните клетви и црни маѓии.

Со користењето на горепосочената метода можете да постигнете моментално олеснување од ефектот на “ударот“ но тоа претставува само моментално решение, бидејќи човек може повторно да биде засегнат од црна магија, доколку редовно не се моли. Ако бидете редовни, набрзо ќе бидете ослободени од сите клетви и уроци.

Scroll to Top