Научниците открија дали е постаро јајцето или кокошката

Научниците од Универзитетот Шефилд и Варвид дал одговор на прашањето што е постаро, кокошката или јајцето. Иако најголемиот дел од луѓето рекле дека јајцето е постаро со објаснување дека дури и диносаурусите доаѓаат на свет од јајца, научниците имаат поинаков одговор.

Нивното истражување покажало дека лушпата на јајцето од кокошка може да настане само од протеин кој се создава во јајниците на кокошката, што значи дека кокошката морала да постои пред јајцето. Како што објаснуваат, тој протеин се вика OC-17 и делува како катализатор кој го забрзува развојот на лушпата. Тврдата лушпа, пак, е потребна за да ја заштити жолчката од која се развива пиле. Научниците во истражувањето користеле суперкомпјутер за да можат да ја зумираат внатрешноста на јајцето и да го следат неговиот развој.

Тие откриле дека протеинот OC-17 е клучен за поттикнување на кристализацијата во раните стадиуми на развојот на лушпата и дека на тој начин што го претвора калциум карбонатот во кристали калцит кои ја создаваат лушпата. Кристалите калцит може да се најдат и во коските и во оклопите на разни животни, со тоа што кај кокошката се создава побрзо и произведува шест грама лушпа за 24 часа.

Scroll to Top