Невеста од венчаница извадила пиштол и пукала во главата на мажот

Невеста е уапсена откако од венчаницата извадила пиштол и му се заканувала на сопругот само неколку часа по венчавката, јавува Би-Би-Си.

Кејт Елизабет Ричард (25) од Тенеси наводно на новопечниот сопруг на глава му вперила пиштол и го повлекла чкрапалото. Пиштолот во тој момент не бил наполнет, меѓутоа, Причард наводно потоа го наполнила пиштолот и пукала во воздух.

Сведоци на полициските службеници им кажале дека парот претходно се карал, веројатно под дејство на алкохол.

-Невестата од фустанот извлекла пиштол и го вперила кон главата на мажот и повлекла чкрапалото. Полицајците кои интервенирале му рекле на сопругот дека нивниот меден месец е готов и оти неговата сопруга ќе оди во затвор, изјавил главниот полициски началник Кајли Еванс.

Тој вели дека невестата се обидела да го сокрие пиштолот во тоалетот во мотелот каде што се одржувала свадбата.

Scroll to Top