Норвешка не успеа да најде нови купувачи за својата риба по губењето на рускиот пазар

Осло губи милијарди долари кога Русија ги затвори своите пазари за норвешката риба, потег што дојде како одговор на санкциите од Западот.

Сега Норвешка мора бргу да пронајде алтернативни купувачи.

„По заладувањето на односите меѓу Русија и Норвешка во 2014 година, Норвежаните морале да се приспособат на новата ситуација“, изјави рускиот пратеник во Норвешка, Теимураз Рамисхвили.

„Од економско гледиште, Норвешка изгуби милијарди долари во трговијата со риба со Русија. Имаше обид од страна на Осло за пронаоѓање нови пазари, а големи надежи имаше кон Кина. Сепак, рускиот пазар сè уште не е заменет“, изјави Рамисхвили.

На почетокот кога дојде до заладување на односите норвешкиот министер за рибарство, Пер Сандберг, изјавил за „РИА новости“ дека Норвешка во блиска иднина не сака да го врати норвешкиот лосос на рускиот пазар. Тој изјави дека Норвешка сега им продава риба на земјите како Кина, Јапонија и Виетнам.

Русија забрани увоз и избриша 10 отсто од пазарот на лосос во Норвешка, изјави Мариус Гард, аналитичар во банката Шведбанк, за „Блумберг“ минатата година.

Кинескиот пазар беше затворен за норвешката риба цели седум години откако во 2010 година Нобеловата награда за мир му беше доделена на дисидентот Лиу Ксијаобо.

Односите повторно се обновени во јануари 2017 година, а Кинезите нагласија дека врз Норвешка длабоко се одразиле последиците од рускиот бојкот, а сега билатералната меѓусебна доверба меѓу Кина и Норвешка повеќе не е нарушена.

Министерот за рибарство, Сандберг, изјави дека во 2010 година Норвешка се залагала за човекови права во многу други околности и додал:

„Овој пат рибата е важна!“ Норвешка губи до 1,3 милијарда долари поради пренасочениот извоз во Кина.

 

 

 

 

Scroll to Top