Новата реклама на „Мекдоналдс“ со песна од македонски издавач

Најновата реклама на светски познатиот бренд за брза храна „Мекдоналдс“ користи песна од каталогот на македонската издавачка куќа и компанија за лиценцирање музика „Филтер лабел“. Тие песната ќе ја користат во реклама на нивните „маестро“ сендвичи.

Рекламата е наменета за телевизискиот пазар во Полска. Песната The Dust Settles Down од рок-групата The Lovely Intangibles е една од петте песни што „Филтер лабел“ ги предложил. Клиентите ја прифатиле велејќе дека совршено одговара на замислата на режисерот поради уметничкиот кул звук на бендот.

Музика од каталогот на македонската компанија досега се има појавено и во реклами на „Најки“ и на „Филип Морис“. Нивната музика ја има и во повеќе серии и филмови, како „Никита“, „Истрага на местото на злосторството: Лас Вегас“ и во документарецот за „Матрикс“.

Scroll to Top