Од Москва до Париз сибирски леден бран сее смрт во Европа

Сибирскиот леден бран сее смрт во Европа, а опасноста не престанува.

Европа во неделата беше погодена од зима поради ледениот барн од Сибир, кој постепено се проширил во целиот континент однесувајќи најмалку три животи, еден во Франција и два во Полска.

Температурите необично ниски и во Русија

Ледениот бран од Сибир стигна во неделата попладне до Франција, каде што температурата падна на -10 Целзиусови степени, а ветерот го зголемувало чувството на студ како да е – 18 Целзиусови степени, јавува службата „Метео Франс“. Триесет и петгодишен бездомник е пронајден мртов во неделата утрото во Валенс, на југоистокот на земјата, каде што живата на термометарот во текот на ноќта се спуштила на – 3 Целзиусови степени. Првите информации наведуваат на заклучок дека тој умрел од студ.

Во Полска две лица смрзнале во текот на ноќта во саботата. Во неделата температурата достигнала речиси до – 12 Целзиусов степени.

Во Русија државниот метеоролошки завод предупреди дека меѓу 23 и 28 февруари земјата ќе ја погодат невообичаено ниски температури.

Феноменот Москва-Париз

Во југоисточна Европа невообичаениот студ за овој период од годината се очекува да биде во Романија и во балканските земји, каде што температурите се очекува да стигнат и до -25 Целзиусови степени. Училиштата во Букурешт нема да работат в понеделник и во вторник, а слична е состојбата и во местата на југот на земјата, каде што се очекуваат големи количини снег. Во средиштето на Европа, во Австрија и во Унгарија, но и во Велика Британија, Италија и Шпанија, властите ги повикале жителите да се подготват за стигнување на феноменот познат како Москва-Париз, односно исклучителен студен воздух од Сибир.

 

 

Scroll to Top