Падот на Римското Царство се случил поради масовна миграција

Историјата се повторува, но овој пат без дозвола од властите. „Сегашното Римско Царство“ повторно ќе падне.

Ова го тврди италијанската историчарка Алесандро Барберо. Таа е професорка за средновековна историја на Универзитетот во Пиемонте Оринтале. Во емисијата „Улисе“, емитувана од страна на италијанската државна телевизија РАИ 38, таа во октомври 2016 година накратко објасни како во минатото дошло до моментален пад на Римското Царство.

„Зошто Западното Римско Царство исчезнало? Тоа се срушило затоа што во еден момент не било способно да се носи со масовните имиграции.

Римското царство во тој период масовно почнало да ги прифаќа имигрантите. Луѓето биле слободни да ги преминат границите, без дозвола на властите. Цели племиња, цели народи ја населиле Италија за да си осигураат себеси работа. Војската се полнела со млади луѓе. Тоа е направено на темел на прецизни договори со царската власт.

Во одреден момент протокот на имигранти бил преголем, а управата, која била одговорна за состојбата, веќе била премногу оштетена, а политичарите кои давале согласност за преселбите повеќе немале јасна идеја што да се прави во иднина.

Хуманитарните итни случаи на имиграција, доаѓањето на бегалците и илегалната експлоатација на имигранти создала експлозивна ситуација, која во тој момент попуштила, па нередите, војните, пропаста на царството било логичен тек на настаните. Накратко се случило она што ние денеска го нарекуваме барбарска инвазија. Падот на Римското Царство, како што вели и апелира историчарката, може да се повтори!

Таа на 30 септември 2016 година за весникот „Гиорнале“ изјави:

„Римското царство паднало затоа што имало премалку родени и премногу странци“.

Имигрантите бројчано ја преземале контролата во војската, се сместиле на највисоките воени должности и сакале да ја преземат контролата над секое место.

„Сфаќате ли дека Европа во моментов повторно е под барбарска окупација? Историјата се повторува и овој пат без дозвола од власта, „Римското Царство“, повторно ќе падне!“, смета Барберо.

 

 

Scroll to Top