Писмо на Чарлс Дарвин до Србин во кое бара да се преведе делото „Потеклото на видовите“

На социјалната мрежа „Редит“ се појави писмото што Чарлс Дарвин го напишал до Милан Радосавлевиќ во 1876 година. Дарвин во писмото го моли Радосавлевиќ неговото дело „Настанокот на видот“ да се преведе на српски јазик и изразува желба Србија да се ослободи од турското ропство.

На сликата може да се забележи што побарал Дарвин во писмото, кое го напишал на 25 август 1876 година во Даун Бекенхем, Кент.

„Драг господине!“

Многу сум ви благодарен за вашето љубезно писмо и пријателскиот подарок, хекеловото дело. Ако состојбата во вашата земја ви допушти да се преведе моето дело Origien of Species, ќе бидеме многу задоволни и би ми било мило да имам еден примерок. Состојбата на вашата татковина ја разбудува и најдлабоката и општа симпатија во оваа земја и Англија најсериозно сака да ја види сосема ослободена од тиранството на Турција. Со многу почит, ваш искрен Чарлс Дарвин.

 

 

Scroll to Top