Платиле лежалки од 50 евра, за да се бањаат во фекалии

Плажата во сопственост на Арапите врви од „луксуз“.
На луксузната плажа „Свети Стефан“, која е во сопственост на арапската компанија „Adriatic properties“, туристите дневно доживеаа и повеќе од непријатно изненадување.
На оваа плажа каде инаку само изнајмувањето лежалки чини 50 евра, од чиста мира, пред неколку дена изби млаз од канализацијата и се изли кон морето, носејќи со себе фекалии и повеќе од непријатен мирис.

Се се лееше преку плажата и преку облеката, обувките и лежалките на капачите, кои во шок набрзина мораа да ги тргаат своите работи и да си заминат од оваа плажа.

„Дојдовме овде да уживаме и тоа уживање скапо го плативме. Ова е нечуено што го затекнавме. Немаме намера повеќе овде да доаѓаме ниту да се капеме“, изјавија присутните.

И покрај непријатниот мирс и ужасната сцена на која присуствуваа, поедини туристи одлучиле да останат на плажата, а решението го пронајдоа така што носот и устата ги прекрија со пешкири.

Како сето тоа изгледаше погледнете на видеото кое го испрати еден од нив:

А погледнете како изгледаа лежалките за 50 евра:

Scroll to Top