Плива секој ден речиси по 2 километри до работа за да го избегне стресот

Повеќето луѓе би сакале да имаат таква навика да вежба наутро пред работа. Еден Германец најде начин да ги поврзе тие две работи, па сега секое утро плива до работа. Лаптопот, паричникот и облеката ги носи во водоотпорна торба.

Во текот на последните две години Бенџамин Дејвид (40) го избегнува стресот во сообраќајот, така што плива речиси два километри до работата во реката Исар во Минхен.

„Јас не сум светец. Кога возам велосипед им викам на другите возачи, а кога пешачам викам на велосипедистите и така понатаму.

Но, кога ќе пливате тоа е целосно опуштено и освежувачки“, изјави тој.

Прво изјави дека личи на актерот Дејвид Хаселхоф, од серијата „Чувари на плажата“, но потоа се поправи, пренесува Дејли Мејл.

„Мисламд ека не изгледам како тој но со мојата торба… Мислам дека ме разбираат“, изјави тој.

Секое утро Дејвид на својот компјутер, оддело, облека и мобилен, ги става во својата портокалова торба. Таа е дизајнирана во Швајцарија каде пливањет до работата е зачестено.

Знаејќи ја опасноста која важи за пливањето во реките, Дејвид редовно ја проверува температурата на реката пред да нурне во истата.

Scroll to Top